СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Peugeot Performance: За секој модел обезбеден Performance-пакет

 

Честа прв да биде опремен со спортски пакет му припадна на 508 PSE.

Основањето на групацијата Stellantis во која учествуваат 14 Американски и Европски брендови отвора нови перспективи и на брендот Peugeot. Сега французите имаат отворена врата кон американските купувачи, па се чини убавата шанса веднаш ќе биде приграбена.

Ценејќи го вкусот на лубителите на спортските доживувања, Peugeot се подготвува во редовната понудата да го вклучи 508 PSE, односно првиот од серијата која ќе ја красат почетните букви од Peugeot Sport Engineered.

Јасно е дека станува збор за спортска изведеница на седанот со средна големина во кој турбо бензинецот од 1.6 ќе дејствува во заедништво со уште два електрични мотори ослободувајќи така системска силина од 355 КС и 520 Nm.

Солидната бројност на впрегнатите коњски сили ќе овозможи фаќање на првата стотка за само 5.2 секунди, што мора да се признае е резултат за почит.

Конкуренцијата од FCA групацијата која пред се ја сочинуваат моделите на Chrysler и Lancia моментално не е во најдобра кондиција што јасно ги отвара перспективите на Peugeot.

Инаку со спојувањето на групациите PSA и FCA во Stellantis се формира четвртиот по големина светски произвител на автомобили. Без никаков сомнеж оваа вин-вин комбинација ќе знаат мудро да ја искористат стратезите на новата групација.

Oдлуката за лансирање на перформансни модели лично ја најави шефот на Peugeot, Жан-Филип Импарато (Jean-Philip Imparato) во разговор со уредниците на Британски, Auto Express. Ова треба да претставува само почеток бидејќи Импарато најавува PSE верзија на сите модели од актуелната гама.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот