Со две плагин верзии на новиот 308, Peugeot ја зголемува стапката на електрификација на 70%.
Peugeot силно ја демонстрира својата посветеност кон електрификацијата. Во моментот, целата гама, вклучувајќи ги и комерцијалните возила, е електрифицирана со степен од 70 проценти.
Според утврдената динамика до 2023 година ќе бидат електрифицирани 85% од моделите, додека до 2025 целата производна гама ќе има верзија во која ќе биде вграден и погонски електромотор.
Пред извесно време претставениот компакт, Peugeot 308 ќе го даде својот придонес со две плагин верзии кои на чист електричен погон ќе бидат во можност да поминат 50-тина километри.
Електрификацијата на Peugeot започна пред три години со лансирање на e-208 и оттогаш целосно електричните патнички и комерцијални возила (e-208, e-2008, Traveller и Expert) заедно со хибридните 3008 и 508 оставија силен еколошки белег на пазарот.
Во првите пет месеци од 2021 година Peugeot е трета најпродавана марка на електрифицирани возила во Европа, а e-208 и e-2008 се на второто место во своите сегменти.
„Електрификацијата е во коренот на нашата стратегија „Моќта на избор“, која им дава на нашите клиенти можност за избор на мотор, без разлика дали е конвенционален или електрифициран, она што најдобро одговара на нивните потреби.
Одличните продажни резултати на нашите електрифицирани модели покажуваат дека во Европа ова стратегијата носи плод.
На меѓународно ниво, дури и на пазарите каде се појавува електрификација, ќе го искористиме нашето портфолио на електрифицирани модели за да се истакнеме. Каде и да сме, сакаме да бидеме вистински двигатели на напредокот“ – вели извршниот директор на Peugeot, Линда Џексон.
За Peugeot електричната понуда вклучува како патнички така и комерцијални возила. Марката нуди 100% електрична верзија на секој модел во својата гама на комерцијални возила.
Тоа им овозможува на професионалците без никаков проблем да пристапат до зелените површини на големите градови, притоа уживајќи во капацитет и комфор, идентичен со оној кај верзиите со класични погонски мотори.