СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Peugeot наново го стилизира својот лав

 

Десетиот стилизиран лав според кој се препознава францускиот бренд, по десетгодишно опстојување на пазарот е заменет со единаесетиот по ред кој би требало да го изрази карактерот на новите Peugeot-продукти.

Како најстар автомобилски бренд на пазарот, Peugeot реши да го потврди својот карактер со наново стилизирање на карактеристичниот лав кој во 211-годишната историја е 11-ти по ред.

Промената на логото доаѓа како логичен след на настаните на кои претходеше целосно обновување на гамата во последната деценија, точно колку што беше во употреба досегашното лого.

Прв од моделите кој ќе понесе новиот лав ќе биде компактот, 308 кој би требало набргу да се појави.

Тоа е одраз на сé што Peugeot e досега, и ќе биде во иднината која е трасирана со повисоко позиционирање на пазарот, а кое доаѓа како последица од најновите интеграции.

Лавот кој е во гените на визуелниот имиџ на марката совршено прилега на постојаната поврзаност на овој производител на возила со минатото и иднината. Затоа и од Peugeot велат дека новото лого е олицетворение на она што марката значеше вчера, што значи денес и што ќе значи утре.

Неговото значење како безвременска, универзална и мултикултурна форма на идентитет претставува симбол на моќта на оној што го носи, симбол на припадност, на признавање, синоним за престиж, доверба, долговечност и потекло.

Токму како и самата марка Peugeot.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот