СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Opel Grandland претставен на домашната стручна јавност

Opel Grandland, SUV адутот на Opel од компактната класа, е естетски освежен, технолошки унапреден и додатно опремен. Се нуди со цени кои започнуваат од 25.390 евра.

Во убава атмосфера која наликува на тие од пред пандемијата, на стручната јавност и беше претставена освежената варијанта на Opel Grandland.

Во салонот на Еуроимпекс можевме да се запознаеме со Grandlend во 3 различни верзии и во 3 различни бои.

Допадливиот изглед се должи на новиот корпоративен имиџ со Visor маска на ладилникот, на чии краеви стојат фаровите со напредните InteliLux LED светла.

Во внатрешноста ве дочекуваат седишта сертифицирани според медицинските експерти од AGR, а пред возачот е поставен голем LCD кој сугестивно е наречен Pure Panel.

Во автомобилската индустрија минуваме низ турболентен период, меѓутоа – што се однесува до Opel брендот, заедно со нашите ценети продажно сервисни дилери Аутомакедонија од Скопје и Ауто ЦEM од Тетово, работиме во насока на претставување на новиот пристап на Opel брендот, новата стратегија, новите модели и кон освојување на нови клиенти.

По процесот на детоксификација, Opel брендот денес има нов линк (што и можете веднаш да забележите и од изложените возила надвор) а и имаме и нов таргет на публика кон која се обраќаме.

Но и покрај тоа, Opel не ја менува својата ДНК: тој е доверлив модерен германски бренд, технолошки напреден и со чист и прецизен дизајн“ – при промоцијата изјави маркетинг менаџерот и заменик CEO на Еуроимпекс, Ивана Манчева Михајловска.

При излагање на техничките специфики на Grandland беше истакнато дека компактниот SUV е поставен на корпорациската мулти-енергетска платорма EMP2, а изложените примероци беа опремени со докажаниот трицилиндерски турбо бензинец од 1,2 литри кој ослободува 130 КС.

Силината на предните тркала се пренесува преку шест степенски мануелец или со автоматик кој има додатни два преносни односи.

Од своите блиски роднини кои носат француски печат, Grandland се разликува според естетиката, подесеноста својствена за производите со молња на насот како и според ценовната достапност.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг