СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Opel со нов корпоративен идентитет [видео]

Opel има нов изглед со пофино нацртано лого на марката, нов ‘Opel Next’ фонт и светлечка жолта боја на позадината кои ја сигнализираат иновативната сила на марката.

Целта е да се биде уште помодерен и похрабар во присуството, бидејќи Opel отсекогаш се залагал за демократизација на иновациите и мобилноста.

Патувањето во иднината започна со студијата GT X Experimental која ја покажа новата Opel Blitz молња како амблем на возилото.

Препознатливата линија на потписот обоена во светло неонско жолта боја сега стана новата боја на корпоративниот идентитет.

Со Mokka производителот од Риселсхајм ги претстави новото Opel-ово лице под назив Vizor и новиот дизајн на кокпитот Pure Panel.

Марката сега детално ги претстави понатамошните елементи на својот нов изглед – новиот логотип, новиот фонт и новата боја, или накратко ‘Новиот Opel’.

Во првата половина на 2021 година тоа ќе може да се види на новите Crossland и Mokka, кои ќе бидат првите сериски автомобили со новиот дизајн.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV