Компанијата Еуроимпекс е именувана за нов импортер во пет земји во регионот – Opel таргетира одржлив пораст во регионот – Уште еден многу важен чекор во имплементација на PACE! стратегискиот план
Opel продолжува да ја развива својата бизнис стратегија на одредени пазари во Европа, објавувајќи го новиот важен соработник за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Со цел да се постигне саканиот пораст во регионот, производителот донесе одлука бизнисот во овие неколку земји да го довери на веќе добро познатата и успешна компанија Еуроимпекс како почитуван локален независен увозник и соработник. Основана во 1990 како мала компанија со тројца вработени, за трите децении на своето постоење Еуроимпекс оствари сериозно голем развој во последните три декади каде покрај Peugeot го презема работењето и на Opel.
Договорот е веќе потпишан. Со завршниот дел од оваа трансакција, Еуроимпекс станува генерален увозник за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Сите вработени лица во канцеларијата на Opel одговорни за овие пазари, согласно законите ќе бидат преземени од компанијата најдоцна на денот на завршување на трансакцијата. Оваа трансакција и лансирањето на новиот бизнис модел ќе бидат активирани по официјалното одобрување од надлежните институции за заштита на конкуренцијата.
„Ова е уште една одлука во согласност со нашиот PACE! стратегиски план што ќе придонесе нашите продажни планови во земјите да бидат поагилни, ефикасни и согласно истото, поконкурентни“, изјави г-дин Хавиер Дукемин, извршен директор за продажба, пост-продажба и маркетинг во Opel/Vauxhall. „Длабоко сме уверени дека по оваа одлука нашиот бренд ќе има многу подобри резултати во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.“
Компанијата Еуроимпекс ја започна соработката со Peugeot брендот во 1992 година и стана увозник за овој бренд во 1994 година. Еуроимпекс е увозник за Peugeot за сите 5 пазари на Балканот веќе пет години. Од почетокот на оваа соработка, повеќе од 20.000 возила на Peugeot се продадени.
Opel има продадено околу 2.500 возила во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија во 2019 година и предвидува раст на брендот во годините кои следат.
(Соопштението лиферувано од „Еуроимпекс“ го пренесовме интегрално)