СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Octavia го победи Golf на домашен терен

 

И тоа се случи – додека расте продажбата на електрични автомобили, опаѓа на Golf кој мораше да ѝ го препушти домашниот трон на Octavia.

Според статистиките, за чешката лимузина во ноември во Германија се одлучиле 3.307 купувачи а за Golf само 3.186.

Сепак за првите 11 месеци кумулативно, Golf со продадените 85.843 примероци е далеку пред Octavia која има 36.526 купувачи.

Инаку, вкупно во ноември на германскиот пазар се продадени 198.258 нови патнички возила, што е 31,7% помалку отколку истиот месец лани.

Една петтина од нив се електрични автомобили, една третина со бензински а една шестина со дизел мотори, исто колку хибридите и плаг-ин хибридите.

Според марки, лидер и понатаму е Volkswagen со 29.561 новорегистрирани возила, пред Mercedes со 20.586 и BMW со 16.738.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот