СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Nissan X-Trail: Држење чекор со електро-трендовите

 

Nissan ја откри својата целосно нова, четврта генерација на X-Trail, во кој се вградени иновативен електричен погонски систем e-POWER, како и погон на сите тркала e-4ORCE.

Следната фаза од офанзивата на електрифицираните производи на Nissan се одвива преку регионалната премиера на целосно новата, четврта генерација на X-Trail.

Во текот на две децении, речиси седум милиони единици X-Trail се продадени на глобално ниво, што го прави едно од најпопуларните семејни SUV возила во светот.

Целосно новиот X-Trail нуди уникатна комбинација на дизајн што привлекува внимание, удобност, безбедно возење.

X-Trail ќе биде достапен во конфигурации со пет и седум седишта, нудејќи удобна опција за дружење со поширокото семејство или пријателите.

Благодарение на новата платформа на Алијансата, CMF-C, Nissan повторно подигнува границата во сегментот.

Клиентите кои преферираат авантура ќе уживаат во подобрените динамични перформанси и напредните технологии за електрификација што ги нуди новата генерација на X-Trail.

 

Електрификацијата е неизбежна – e-POWER погон

Целосно новиот X-Trail ќе биде вториот модел во европската гама на Nissan што ќе биде опремен со иновативниот погонски систем e-POWER.

Првпат аплициран во Јапонија, на моделот Note во 2016 година, тој стана најпродаваниот автомобил, при што клиентите посебно ја ценат комбинацијата на неусилени перформанси и употреба без кабли.

Системот e-POWER на целосно новиот X-Trail се состои од батерија со висока моќност и погонска група која е во содејство со бензински мотор. Во функција се ставени турбо бензинец со променлив однос на компресија кој работи како генератор на енергија, инвертер и преден електричен мотор од 150 kW.

Овој уникатен погон значи дека силата на тркалата доаѓа само од електричен мотор, што резултира со моментален, линеарен одговор на педалот за гас.

Апликацијата за Европа има 1,5 литарски турбо бензински мотор со системска моќност од 150 kW (204 КС).

Особеноста на e-POWER е тоа што бензинскиот мотор се користи исклучиво за производство на електрична енергија.

Движечкиот погон го испорачува само електричниот мотор.

Ова значи дека моторот секогаш може да работи во рамките на својот оптимален опсег, што доведува до супериорна ефикасност на горивото во урбаните средини.

Благодарение на погонот со чист електричен мотор, нема доцнење како кај моторот со внатрешно согорување или традиционалниот хибрид.

Секундарна придобивка е префинетоста што ја носи, осигурувајќи дека моторот работи само со брзината што му е потребна, која е типично мала во урбани и приградски услови.

Интегрален e-4ORCE погон

Новиот погон на сите тркала дизајниран да работи со електрифицираните погонски единици на Nissan е наречен, e-4ORCE.

Тое „e“ во e-4ORCE значи 100% електричен погонски систем, додека „4ORCE“ се однесува на физичката моќ и енергија на возилото.

Моќниот систем со двоен е-мотор има вкупна моќност од 157 kW (213 КС), и тоа благодарејќи на задниот е-мотор од 100 kW (136 КС). Моќното забрзување до 100 км/ч кое изнесува само 7 секунди е директен резултат на заедничката работа на двата е-мотори.

Специфичната контрола со излезната моќност и перформансите обезбедува глатко и стабилно возење.

Како пример, при свиоци по патишта покриени со снег, возилото може безбедно да ја следи линијата зададена од возачот, благодарение на ултра-прецизниот мотор, распределбата на вртежниот момент и контролата на сопирачките.

Конструкторите се горди со технологијата на прецизна контрола и двојните електрични мотори на e-4ORCE со кои се обезбедува високо ниво на удобност.

„X-Trail со e-POWER и e-4ORCE ќе зазема уникатен дел од сегментот, бидејќи е единствениот семеен кросовер со 7 седишта со електрифициран погон.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот