Nezha (или Neta) е нов кинески бренд на компанијата Hozon Auto која со претставувањето на Nezha S удира директно на Model 3 на Tesla.
Од перспектива на европски наблудувач Hozon Auto е само уште еден кинез во надоаѓачкиот цунами од електрични автомобили.
Се разбира дека тоа е само наша перцепција која тешко ги прифаќа резултатите од актуелната технолошка револуција.
Американската перспектива говори за уште еден отворен атак врз Tesla кој на еден или на друг начин успеа да ги наметне сопствените стандарди.
Токму тие стандарди им се трн во око на кинезите кои жестоко одговараат на секој предизвик.
Конкретно: Nezha S требаше да биде прикажен на сега одложениот (беше планиран за средината на месец мај) автомобилски салон во Пекинг. Во досието на новата компанија Hozon Auto, која е формирана во 2018, е запишано дека во моментот произведува два електрични SUV-а наречени “U” и “V”.
Четиривратниот седан за прв пат во концептна верзија е покажан во 2020 како Eureka 03 Concept.
Ако судиме според именувањето, бездруго станува збор за многу сериозен и внимателно испланиран проект. Еве неколку веќе објавени детали.
Лимузината е поставена на новоразвиена модуларна архитектура наречена “Shanhai” која подржува погон само на електрична енергија (BEV), но и употреба на бензиски екстендер (EREV).
Само на струја од батериите Nezha S може да се движи до 710 km (според NEDC) додека ако помага и малиот класичен мотор автономијата се искачува на големите 1.100 km.
Исклучителните бројки говорат за рекордно ниска потрошувачка од 12 kWh/100 km, која се должи на температурниот менаџмент HozonEPT4.0 развиен во соработка со Huawei.
Кога веќе сме кај високата технологија убаво би било да се знае дека при развојот свои прсти имаат вмешано водечки компании од Силиконската долина, и како што видовме гигантите од Кина.
Ако како репер е користен Tesla Model 3, за очекување е при димензирањето на Nezha S да бидат надминати пропорциите: (4.800 x 2.000 x 1.400) mm како и меѓуоскино растојание до поприличните 2.900 mm јасно говорат за интенциите.
Па дури се оди и чекор понатаму директно конкурирајќи на домашните продажни ведети: Nio ET5, BYD Seal, и Xpeng X7 кои веќе тргнаа во освојување на глобалниот пазар.
Поглед врз внатрешноста на Nezha S открива раскош карактеристичен само за премиум брендовите: мал сиплеј пред возачот за основните информации, пред него исто така стои хедап дисплеј, на централниот гребен во вертикална позиција е поставен голем таблет и уште еден помал е наменет за совозачот.
Внатрешната архитектура е нацртана од европски раце, а употребените материјали, алкантара, кожа, дрво и брусен метал, недвосмислено укажуваат на тагетираната клиентела.
Како крем на тортата нека послужи примерот со аудио системот кој вклучува 21 звучник со вкупна акустична силина од 1.216 вати.
И тоа не е се, нели? Nezha S со своите 13 камери, 12 ултразвучни сензори, пет-милиметарски радар и два система LiDAR овозможува автономно управување од четврто ниво.
За споредба, прво сериско возило кое поседува автономно управување од трето ниво е Mercedes S-Class, моделска 2022 година.
Цените сеуште не се објавени, но кај прагматичните кинези тие имаат секундарно значење. Најважно е да му покажат на светот дека тие го држат технолошкиот примат во производство на електрични возила.