СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Mitsubishi со мораториум за лансирање нови модели во Европа

Јапонскиот производител изнајде чудна формула како да заштеди.

Откако си постави цел во наредните две години да ги намали трошоците за 20 отсто, Mitsubishi реши да прекине со лансирање нови модели во Европа – на неодредено време.

Чудната формула како да заштеди е дел од стратегијата марката да ги насочи ресурсите и да се фокусира на југоисточна Азија, каде пазарното учество ѝ изнесува 6,4%, наспроти 1,0 во Европа и 0,9 отсто во Северна Америка.

Како резултат на оваа одлука, купувачите на Стариот Континент нема да ги добијат новите генерации на пикапот L200, популарниот Outlander или пак малиот Mirage.

Од Mitsubishi не сакаа да кажат колку време ќе трае овој мораториум, ублажувајќи ги работите со тврдењето дека ситуацијата се менува брзо.

Сепак не пропуштија да кажат дека тоа не значи дека марката се подготвува за повлекување од овој регион, бидејќи постоечката гама и понатаму ќе се продава.

Но долго нема да може, бидејќи еколошките стандарди во Европа се менуваат уште побрзо и нема да помине долго време и ќе дојде денот кога тие веќе нема да ги исполнуваат.

А тогаш, повлекувањето од европскиот пазар ќе биде неминовно…

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV