СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Mitsubishi подготвува електричен модел за 15.000 €

 

Глобална битка за попристапни електрични возила се засилува и во неа наскоро ќе се вклучи и Mitsubishi.

Со намера да се запре кинеската инвазија на евтини електрични возила, јапонскиот производител подготвува модел кој ќе се натпреварува со нив.

Пред сé ценовно бидејќи е замислен да се продава за помалку од 2 милиони јена, што е околу 15.100 евра, дополнително намалени со субвенции.

За таа цел со помош на инвестиции од 170 милиони долари Mitsubishi ќе изгради нова фабрика во Тајланд во која освен електрични ќе се произведуваат и хибридни возила.

Идното мало електрично возило кое треба да биде базирано на концептот Super Height K-Wagon претставен на салонот во Токио во 2019-тата треба да се појави на пазарот во 2023 година.

Бидејќи цената на батериите има најголем удел во цената на електричните возила, тоа се проектира за автономија од само 150 километри.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV