СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Mitsubishi го намалува присуството во САД и Европа

 

Новата стратегија на компанијата предвидува помалку фокусирање на големите пазари каде марката не е силна

Извршниот директор на Mitsubishi, Такао Като на годишниот состанок на акционерите ја изнесе новата стратегија на компанијата која предвидува намалено присуство во САД и Европа.

Според неа, Mitsubishi во иднина помалку ќе се фокусира на големите пазари каде марката не е силна.

Токму затоа и новиот план е наречен „Селекција и концентрација”.

Со претходниот план посебен акцент се даваше на Северна Америка и Кина како два главни региони на делување.

Сега тоа остануваат само Југоисточна Азија и Океанија. Според Като, досегашната стратегија предизвикала зголемување на трошоците за 30% без пораст на профитот.

Новата стратегија предвидува удвојување на напорите во посочените региони и пренасочување повеќе ресурси за развој на возилата кои се популарни таму – пикапи, теренци и моноволуменски возила.

Оваа одлука сепак произлезе од заедничката одлука на алијансата RenaultNissanMitsubishi за стратешка поделба на пазарите и производите.

Со неа е предвидено Nissan да биде водечка марка во САД и Кина, а Renault во Европа.

Во фискалната 2019 година која заврши во март, учеството на Mitsubishi во Северна Америка падна за 8% на 160.000 единици.

Во Европа тоа се намали за 9% на 215.000 возила. И покрај тоа што бројките се намалија и во Југоисточна Азија за 9%, јапонскиот производител таму пласираше 290.000 автомобили.

Треба да се спомене успехот на Outlander PHEV во Европа, кој во првите четири месеци годинава е најпродавано плаг-ин возило на Стариот Континент.

Неговата нова генерација е предвидено да се појави подоцна годинава.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV