СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

MG6 Pro – кинески автомобил кој навистина ни се допаѓа

 

Беше одамна кога британскиот MG премина во кинески раце, најпрво кај Nanjing Automobile, а потоа и кај SAIC Motor.

Оттогаш наваму, освен ако не живеете на Велика Британија, сигурно не сте чуле за оваа легендарна марка и автомобилите кои сега ги има во понудата.

Причината за тоа е што MG е присутен само на многу мал број пазари, со уште помал број модели кои строго ограничено се пласираат.

Но, гледајќи го нивниот најнов модел MG6 Pro кој всушност и не е нов туку рестилизирана верзија на веќе постоечки, ни се чини дека претпазливоста на Кинезите е претерана.

Навистина, тој е автомобил кој изгледа одлично, подобро од доста други кои под значката на европски брендови сега се продаваат тука и освен тоа што е кинески, нема никаква друга причина да не се купи.

Во основа е лифтбек со пет врати долг 4,7 метри со истакнати спортски стилски елементи во дизајнот во кој се издвојуваат предната маска, светлата, браникот и хаубата.

Тоа е дополнето со големите 18-инчни тркала во црна боја, црвените клешти на сопирачките, црниот заден спојлер и уште пар прецизно осмислени детали на надворешноста.

И внатрешноста е далеку од критикување бидејќи гледаме дигитална инструмент табла, модерен преден панел и централна конзола со 10-инчен екран, како и спортски седишта.

Продажбата на овој модел во Кина ќе започне наскоро, и тоа со 1,5 литарски турбо бензинец кој располага со 181 KS, спарен со 7-степена автоматика со двојна спојка.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот