По повод 100 годишнината на брендот, MG конструира концепт на електриен хипер спортист способен за рушење брзински рекорди.
Во доцните педесети години од минатиот век, легендарниот пилот, Стирлинг Мос, зад управувачот на MG EX181, со само 300 коњски мотор успеа да постигне брзина од 395,5 км/ч.
По две години, на солена подлога во Боневил, САД, Фил Хал го подобрува рекордот пробивајќи ја магичната граница – постигнува цели 410 км/ч.
Кога се располага со така славно минато, логично е да се испробаат новите тенологии, а за истата цел: постигнување брзински рекорди.
Имајќи го тоа на ум развојната екипа на MG го изработи прототипот EXE 181, каде што додаденото „Е“ во името јасно асоцира на електрично возило.
Благодарејќи на извонредно нискиот отпор на воздуот од Cd=0,19, едноседот може да забрза до 100 км/ч за само 1,9 секунди.
Земјаќи ја предвид посветеноста на инженерите за намалување на отпорите, заради зголемување на ефикасноста со што се постигнува и подолг радиус на движење на електричните возила, јасно е од каде потекнува иницијативата за постигнување рекордна аеродинамика.
Покрај одличното сечење на воздухот – иако сеуште нема службена потврда – за рушење на брзинските рекорди се очекува ангажирање на погонски електромотори кои испорачуваат околу 1.000 КС.
Во поглед на дизајнот, најблискиот опис на MG EXE181 би бил дека концептуално е сличен на болидите на F1.
По неговото откривање во Кина, концептот EXE181 може да се очекува да го видиме на овогодинешниот Фестивал на брзината во Гудвуд, бидејќи кинеската фирма зазема централно место на настанот како дел од прославите на стогодишнината од своето постоење.