СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

MG Cyberster: Електричар со импресивен ретро изглед

 

Електричниот двосед со драматичен ретро изглед, премиерно ќе биде прикажан на 2021 Shanghai Motor Show кој започнува на 21 април.

MG ги изненади лубителите на спортските двоседи. Службено ги прикажа првите фотографии на електричниот концепт, Cyberster кој премиерно ќе биде прикажан идниот месец во Шангај.

Од објавените (скромни) технички специфики, засега се знае само дека ќе има автономија од 500 милји (cca 800 km). Јасно, стрелите се усмерено кон најавеното купе на Tesla. За разлика од него Cyberster првата стотка ќе ја фаќа за само 3.0 секунди.

Кинеските партнери од SAIC јасно даваат до знаење кој тоа има апсирации до го запоседне врвот на електричната мобилност. За таа цел Британскиот дел на MG ќе послужи на одличен начин.

Како прво, тие имаат традиција од 90 години во конструкција на спортски двоседи, а не помалку важно на „островот“ е сместен и цртачкиот дел на екипата која ја предводи Карл Готам (Carl Gotham). А како тој си ја завршил работата може да се види од приложеното.

Ако линиите на Cyberster некому му изгледаат познато, ќе да се во право. Инспирација за пропорциите се земени од MG B Roadster кој е произведен во далечната 1962 година.

Од гомилата нови дизајнерски решенија, ќе ги истакнеме решенијата на предната маска, фаровите, … и севкупнта внатрешност. Можеби треба да се истакнат и конективните можности, но кој би бил изненаден од присуството на 5G технологијата автомобил со технологија од иднината.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот