СЛЕДЕТЕ НЀ

Актуелен Миг

Mercedes-Benz C-Class: Ново издание на најмалиот „вистински Mercedes“

 

Сите модели на C-Class сериски ќе имаат турбо мотори со четири цилиндри, автоматски менувачи со 9 степени, помошни електромотори, задна управлива оска, дигитална табла со инструменти, …

Кога во 1982 година се појави Mercedes 190 веднаш од страна на фановите беше наречен „беби мерцедес“.

Од тогаш низ производните погони излегоа многу „бебиња“, точната бројка на произведени 190-ки и Ц-класи изнесува 10,5 миолиони примероци.

Ниту еден друг модел од Штутгарт не ја достигна таа цифра на глобалниот пазар. А кога еден модел ќе ги достигне тие врвови, логично е потоа да ја добие целата конструкторска посветеност.

Последната генерација претставена пред 7 години го бетонира стекнатиот имиџ, усреќувајќи така над 2,5 милиони сопственици.

Извонредна сложена задача за наследникот? Кога располагате со технолошко наследство од ред на големина на еден Mercedes веројатно таа задача изгледа малку порелаксирачка.

„C-Class е нашата најдобро продавана лимузина и убеден сум дека новата C-Class ќе понуди уште поголема возбуда кај нашите купувачи, со широка понуда на високотехнолошки опции, кои се преземени од поголемата, S-Class.

Со најновата генерација на MBUX системот, посебно управување на задната оска и електрификација на моделот, нашиот најуспешен модел, повторно ќе ги подигне стандардите во овој сегмент“ – ги сублимира вредностите на новиот модел, Претседателот на Управниот одбор на Daimler AG и Mercedes-Benz AG, Ола Калениус.

Како што и доликува на производител со најдолга традиција, дизајнерските промени се децентни, со понатамошно истакнување на елементите кои го зајакнуваат чувството на спортска елеганција.

Благо зголемените димензии позитивно се одразуваат на просторната понуда, а поготово на висината на задната клупа.

Поважно од додадените сантиметри е организацијата на просторот. Таблата со инструменти е варијација на таа од новата S-Class а на централниот гребен доминира вертикално поставениот „таблет“.

Од аспект на безбедност тука се присутни сите познати системи, со значајно подобрување на нивната ефикасност. Како пример нека послужи автоматското детектирање и сопирање на возилото кое сега функционира до брзина од 100 км/ч.

Моторната понуда започнува од 170, па преку 204, финализира со 258 КС. Освен споменатиот автоматски менувач, механичката постава ја збогатува и унапреден интегрален погон, 4MATIC.

За сето ова и уште многу додатни информации можете да добието кај домашниот увозник на Mercedes-Benz – возилото веќе е изложено во салон!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг