СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mercedes-AMG SL и официјално

 

Во Mercedes подолго време се подготвуваа за премиерата на новата, седма генерација на родстерот SL.

Сега конечно овој новитет и официјално е пред нас, поспортски, побрз и што е најважно, поелегантен отколку досегашниот модел.

Заслугата за тоа исклучиво ја имаат 2+2 конфигурацијата за седење и платнениот покрив кој се отвора за 15 секунди при брзини до 60 km/h.

Новиот Mercedes-AMG SL е долг 4,7 метри и има меѓуоскино растојание од 2,7 метри, а коефициентот на отпор на воздухот му изнесува 0,31.

Направен е на потполно нова платформа од алуминиум, челик, магнезиум и композитни материјали, чија крутост е зголемена за 40 до 50 отсто.

Располага со управлива задна оска и погон на сите четири тркала, преку деветстепен менувач и електронски контролиран диференцијал.

За почеток во гамата се верзиите SL 55 и SL 63, и двете со 4,0 литарски твин-турбо V8 мотор, од кои првата развива 476 КС и 700 Nm, а втората 577 КС и 100 Nm повеќе.

Послабата забрзува од 0 до 100 km/h за 3,9 секунди и постигнува 295 km/h, а на посилната до стотка ѝ требаат за 0,3 секунди помалку и е за 20 km/h побрза.

Внатрешниот дизајн инспириран од моделите AMG GT и GT 4-Door Coupe се одликува со големите екрани и квалитетните материјали.

Опременоста е составена од најдоброто што Mercedes го има, а тука, се разбира, се и бројните безбедносни и системи за помош на возачот.

Цените и почетокот на продажбата ќе бидат соопштени дополнително.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот