Два нови четрицилиндрични мотори (М 254 и OM 654 M) со 48-волтна инсталација ќе дебитираат во освежената Е-класа.
Втората генерација мотори со ISG (Integrierten Starter-Genrator) технологија ќе дебитира во благо редизајнираната Mercedes E-Class. Заедничко за бензискиот и дизел агрегатот е работниот волумен од два литра кој е распореден во четири цилиндри со работна зафатнина од два литри.
Тука секако е присутна и турбо технологијата од последната генерација. Од сега па натаму двата мотори ќе бидат опремувани и со ISG технологија од втората генерација која ќе работи под работен напон од 48 волти. Всушност целата електрична инсталација ќе функционира на четири пати повисок напон од вообичаените 12 волти.
Инаку, повисокиот работен напон е омилена тема на Штудгардскиот производител, но се до сега таа беше резервирана само за S-Class. Со новото апдејтирање на Е-Class, Mild Hybrid решенијата за прв пат ќе ги видиме кај помалиот модел.
Интегрираниот мотор-генератор ќе помага со максимални 15 kW (20.5 КС) и вртежен момент од 180 (кај бензинецот) и 200 Nm кај моторот на нафта. Оваа помош е драгоцена па затоа и е посебно именувана, “EQ Boost“.
Како функционира системот, под еден кров?
Во принцип, при стартување на моторот и во случај кога е потребно ангажирање на додатна силина, склопот функционира како погонски електромотор. При појавување на инерцијални сили и при сопирање, склопот реагира промптно и се пертвара во генератор кој ослободената електрична енергија ја складира во сетот батерии.
Спецификата на Mercedes е што склопот е инегриран во самиот мотор. И се рабира, во електричната инсталација која е ставена под напон од 48 волти (низ возилото се поставени проводници со четири пати помал пресек. Низ сите склопови исто така тече за четири пати помала струја, што значи тие се со многу покомпактни димензии.
OM 654 и M254 се поврзани со 9-степенска автоматика во чие куќиште се интегрирани и електромоторот, управувачката електроника и ладилникот на самиот менувач. Од решението ќаруваат тежината и ефикасноста. Двата мотори се модуларно проектирани што значи дека може да се појават и со два цилиндри повеќе, но исто така се подготвени и за вградување на Plagin Hybrid технологија.
Моторите
Бензискиот M254 е целосно нова конструкција, со максимална силина од 272 КС и вртежен момент од 400 Nm.
Како да тоа не е доволно па краткотрајно (Overboost) може силината да ја покачи за додатни 41 КС.
Свој допринос во испораката на моќност дава и сегментниот турбо полнач, кој наместо од издувните гасови, се врти со помош на 48-волтен електромотор.
Дизелот OM 654 M, за новото издание е темелно преработен и зафатнината му е зголемена за 43 ccm така да сега брои 1993 кубици.
Интервенци се извршени и врз притисокот на вбризгувањето кој од 2.500 е зголемен на 2.700 bar.
Во испорката на 265 КС (550 Nm) не пречат ниту два SCR катализатори, стандардниот DPF, а ниту пак посебниот катализатор за азотни оксиди.
И после сета оваа лекција по високата технологија, некако не ми изгледа дека во догледно време ќе ги снема класичните бензиски или пак, скраја било, дизелски мотори.
текст: Агрон Сулејман
фотографиите се преземни од електронското издание на Auto Motor und Sport