СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mercedes круниса нов електричен владетел [видео]

 

По долго време подготовки, Mercedes го круниса новиот владетел, не само на својот трон туку и на целиот автомобилски свет. EQS е новиот адмиралски на најстариот проризводител.

Дефинитивно, Mercedes EQS го најавува крајот на автомобилите какви ги знаеме, не само во поглед на моторите со кои се движат – отсега започнува ерата на луксузните лимузини кои се движат на струја.

Првото од EQS со кое веќе се запознавме беше големиот екран од дури 56 инчи кој ја покрива целата широчина на внатрешноста пред патниците на предните седишта и заменува сé – инструмент-таблата, централниот дисплеј и целата пластика околу нив.

По целосното откривање на EQS подеднакво можат  да бидат задоволни и лубителите на класиката но и заколнатите екологисти – изгледот претставува единствена симбиоза на класичното и модерното, и двете во оригинална интерпретација на марката со трикрака ѕвезда.

Мудро извлечените линии нема да соборат никого на прв поглед, но вечно ќе траат обединувајќи ги лимузинските и купе карактеристиките во една малку здепаста, но складна и аеродинамична целина.

Ризницата на технологиите ги предводи новата MEA (Modularen Elektro-Architektur) платформа, специјално развиена за луксузните електрични модели на Mercedes.

Во случајот на EQS, иницијално, електромоторот е сместен на заднита оска, но предвидено е место за уште еден мотор на предната оска, и во тој случај сите четири тркала се погонски (4MATIC). Назад се впрегнати 333 а на предната оска уште додатни 190, или вкупно 523 електрични коњски сили.

Огромниот пакет батерии од 107,8 kWh обезбедува ултимативна автономија од 770 километри, најголема видена досега, а со новата технологија со поголема густина на складирање на енергијата тие можат да користат полначи од 200 kW, што значи струја за 300 km за само 15 минути.

За огромната автономија заслугата оди на адреса на малата потрошувачка на електрична енергија – помеѓу 17.4 и 21.8 kWh, кај двомоторната варијанта – но и рекордната аеродинамика од cW=020.

Забрзувањето на 4MATIC изнесува само 4.3 секунди а максимумот е поставен на 210 км/ч. Убави бројки за лимузина со должина од 521 cm која притоа тежи 2.585 kg.

Од гомилата новини ќе издвоиме неколку поспецифични. Предната оска преку два триаголни линка е поврзана со тркала, а на нив се надоврзува Airmatic ослонивањето, додека динамиката на задната оска ја обезбедува просторна вилушка (најсофистицирана изведба на мулти-линк видена до сега).

Да не заборавиме: задната оска може да го менува својот агол за 4,5 степени, но како опција се нуди и систем за управување, со максимален наклон од 10 степени. Функционира кога се вози споро, а тркалата се вртат во ист правец како и предните.

Кажавме, спецификите се многубројни, но само уште околу батериите: тие се гарантираат со рок од 10 години или 250 илјади километри. До сега никој тоа не го може подобро.

Асортиманот на луксуз е широк колку што светот може да го сфати самото значење на зборот, па дури и повеќе оти некои нешта кои досега не сме ги виделе ќе го редефинираат тоа.

За сé се грижат повеќе од 350 сензори (ласерски радари, камери и инфра црвени давачи) кои го надгледуваат возилото и неговите системи, овозможувајќи му на возачот да патува притоа дури и не мора сам да вози (автономното возење функционира само во Германија).

Целта на Mercedes е различна од другите производители – тие сакаат до 2030 година половина од возилата што ги продаваат да бидат електрифицирани, односно целосно електрични или плаг-ин хибриди.

Затоа и појавувањето на EQS е главна вест. Да и цената, на германскиот пазар таа започнува од 110 илјади.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот