СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Maserati го најави новиот и електричен GranTurismo [фото-галерија]

 

Прототипите на GranTurismo излегоа од лабораториите на Maserati за да позираат на улиците во Модена.

Како наследник на истоимениот сегашен модел, новиот GranTurismo освен името ќе нема многу што заедничко со него.

Главната разлика е што ќе биде првиот електричен модел на Maserati, со што ќе ја одбележи пресвртницата на 107 години старата италијанска марка.

Возилото на фотографиите е тешко маскирано, но сепак се забележува елегантната купе линија и изменетиот преден дел.

Освен дека му претстои интензивен период на тестирања, за него Maserati не кажа ама ниту збор, но затоа другите велат дека ќе има повеќе од 650 коњски сили.

Сепак да почекаме да доближи малку идната година, кога е планирано да биде претставен.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV