Втората генерација на NX е поставена на нова платформа, носи дузина нови технологии, и се рабира, целосно е хибридно електрифицирана.
Цената на двете штотуку пристигнати верзии на Lexus NX се поставени на 50 односно 75К евра. Тоа е информацијата која на многумина им е битна за компарација на SUV претставниците од луксузната компактна класа.
И токму тој податок, ќе се испостави, дека е еден од главните адути на јапонскиот производител.
Зошто? Затоа што во развојот на NX се ангажирани големи ресурси, а резултатот е импресивен.
>> Втората генерација на комапактниот SUV (l=4.660 mm) е поставена на нова GA-K (Global Architecture K) платформа, способна да понесе повисоко ниво на електрификација.
>> Поставено е новото ниво на безбедносна и корисничка опрема кои се препознаваат по ознаките Safety System +, Hey Lexus, Lexus Link Connect, Lexus Link Pro, и Lexus Link.
Зад овие кратенки се кријат грижливо осмислени системи за безбедност, гласовна комуникација, конективност и апликации за линковно поврзување со возилото.
>> За пријатниот престој во новиот NX ќе се погрижат беспрекорната изработка и толку препознатливиот дух на внатрешниот амбиент, кој дури заслужува и свое посебно филозофско именување – Lexus Omotenashi.
Да се навратиме на механиката. Моторот со внатрешно согорување е современиот четирицилиндарски бензинец од 2,5 литри. Тој е подесен на 190 коњи што според корпорацискиот „газда“ Тоyota, претставува идеален партнер на електромоторите.
Во двете верзии NX 350h и NX450h+ за преносот на предните тркала се грижи безстепенски CVT менувач и по еден електромотор на предната и задната оска. Електромоторите партнерски помагаат со 184 (напред) и 54 КС кој е поставен на задната оска.
Разликата помеѓу двете верзии се состои во тоа што кај хибридниот NX 350h приматот во трошењена електричната енергија го има моторот на задната оска обезбедувајќи така (E-Four) погон на сите тркала.
Електромоторот од чисто хибридниот погон, во случај да има доволно акумулирана електрична енергија, ќе помогне и со предниот електроморот кој ослободува големи 182 КС. Системската силина во тој случај изнесува 244 КС кои за својот ангажман ќе се задоволат со просечните 6,4 литри на 100 км.
>> Вистинска новина претставува „двојниот хибриден систем“ присутен кај Lexus NX450h+. Тоа значи дека на класичниот хибриден погон е додаден plag-in систем со капацитет на батериите од 18,1 kWh.
Комбинацијата обезбедува навистина возбудливи перформанси.
Системска силина од 309 КС ќе го извлече возилото до првата стотка за 6,3 секунди со забрзување кое ќе трае се до електронски ограничените 200 км/ч.
Само на електрика максималната брзина е ограничена на 135 км/ч.
Некому можби ништо нена да му значи автономијата само на „струја“ од 69 до 76 км, во градски услови на возење која достигнува респектабилни бројки од 89 до 98 киломотри.
Изразено во покенвенционални мерки, според новите WLTP норми, тоа значи просечна потрошувачка од 3,0 л/100 км. Подобро од ова не може дури на S-класата на Mercedes.
За сите скептици во квалитетот и гомилата од лускуз и техникалии, моделот Lexus NX идентично како и неговите постари браќа, се гарантира со рекорден период од 10 години.