СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Kia Sorento: Дали некој е изненаден од виденото?

На две седмици пред службеното претставување на салонот во Женева, Kia ги објави првите фотографии од адутот кој цели кон врвот на средната SUV класа.

Маркетинг експертите на Kia ќе мора да го менуваат мотото, „моќ да изненади“. Главна причина е што купувачите одамна веќе навикнаа на позитивни изненадувања што доаѓаат од Кореја.

Kia размислува глобално па затоа во развојот на новиот Sorento учествуваа екипите од Кореја, Европа и САД. Тоа значи дека ќе биде прилагоден на вкусот кој веќе 18 години успешно се негува на сите континенти.

Новиот Sorento навистина е целосно нов – почнувајќи од платформата, па сé до новата архитектура на внатрешноста.

Надворешниот изглед е издолжен за што заслугите одат на намалените превеси и зголеменото меѓуоскино растојание. Овие факти сами по себе ветуваат зголемена просторна понуда во внатрешноста.

А кога ќе се погледне внатре, има што да се види: одличен распоред и врвна изведба. Тоа станува јасно и само со краток поглед само на една фотографија, а кога ќе се погледне списокот на безбедносна, конективна и опрема за забава, се заокружува целата приказна околу жестокиот конкурент на германските преставници.

Со доаѓањето на Sorento се заокружува SUV понудата на Kia составена од Seltos, Stonic, Sportage, и Telluride. Околу техничките специфики ќе се задржиме по службеното претставување најавено за Geneve Motor Show 2020.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV