СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Kia Sonet 7 – мал SUV за многу луѓе

 

Лани кога го претстави, Kia го лансираше малиот SUV, Sonet со големи амбиции, а сега дојде време да ги остварува, ама не на начин на кој се помислува.

Како модел изворно наменет за Индија каде се произведува, Kia Sonet го предизвика светското внимание.

За десетина сантиметри пократок но и за исто толку повисок до Stonic, тој е идеален кандидат за проширување на SUV-гамата на Kia на глобално ниво, во што беа препознаени неговите големи амбиции.

Одговорните во корејскиот производител решија неговиот глобален пат да го започнат од Индонезија, со чуден чекор – го понудија со 7 седишта!

За да ги собере, тие му ја зголемија должината на 4,12 метри, колку што всушност ќе има верзијата за извоз, која на другите пазари ќе има само 5 седишта.

Опремен е со 1,5 литарски бензински мотор со 115 коњски сили, спарен со 6-степен мануелен или CVT менувач.

Цената на Kia Sonet 7 во Индонезија пресметано изнесува околу 13.700 американски долари. Засега нема информација кога (и каде) ќе продолжи со својата глобална експанзија

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот