Лимузината со средна големина која во Европа е позната како Optima, на останатите светски пазари ќе реинкарнира со целосно ново издание именувано како, К5.
Пребирливиот европски пазар секогаш бил престрог спрема класичните триволуменски лимузини. Германската тројка на премиум претставници појачана со Passat и Insignia не остава многу маневарски простор.
Поради таа причина Јапонските, Корејските па дури и останатите Европски производители се повлекуваат од овој сегмент.
Истото се случи и со Kia Optima, па сега со претставувањето на новата генерација – во светот позната како, Kia K5 – ќе има силен притисок за повторно враќање во игра на Optima.
Импресивен е дизајнот на новата К5-ка, но дали некој воопшто треба да биде изненаден од креациите на која потпис стават Питер Шрејер, Лук Донкерволке и нивните соработници.
Нова платфрома
Основните постулати кои биле идејна водилка на конструкторите се употребата на најнова технологија, турбо мотори, можност за интегрален погон и највисоки безбедносни стандарди. Унапредената “N3” платфрома е одлична основа која овозможува вградување на „се што е потребно“.
Започнувајќи од средина на летово, американските купувачи ќе може да одберат една од четирите новоа на опрема, LX, LXS, GT-Line и EX. Уште вака на „слепо“ највозбудливо звучи GT-Line пакетот, а така ќе биде се до појавувањето на GT верзијата која се очекува кон крајот на годината.
Со новите пропорции (490 x 186 x 144 )cm Kia K5 сериозно ја напаѓа повисоката класата, а со импресивниот визуелен настап прави директен упад во установената актуелна понуда.
Повеќе силина, подобра тракција
Осум-степенската автоматска трансмисија со двојна спојка е дело на домашните инженери.
Таа иницијално ги придвижува предните тркала, а во случај на интегрален погон има способност за прелевање на вртежниот момент на двете оски.
Моторната понуда се состои од 2.5 литарски GDI од 290 КС кој во комбинација со споменатиот менувач забрзува до 60 mph (96.6 км/ч) за 5.8 секунди.
Вториот мотор во понудата е преработениот 1.6 литарски GDI кој ослободува 180 КС.
И двата мотори во својот состав вклучуваат напреден систем за работа на вентилите каде што е вклучена и функцијата Continuously Variable Valve Duration (CVVD). Погодувате, таа функција овозможува оптимизирање на потрошувачката односно исполнување на еколошките норми.
Паѓа во очи отсуството на дизел мотор без кој настапот на Европскиот пазар е речиси безпредметен. Но да почекаме па да ги видиме намерите на Корејците; инаку тие во својата витрина имаат два врвни дизели кои се веќе етаблирани на пазарот.
Делот кој говори за нивото на опрема и квалитетот на изработка, во оваа прилика, намерно ќе го прескокнеме. Доволно е да се погледне последниот извештај на G.D.Power па да се види позицијата на Kia (го дели првото место со Dodge).
Ќе биде вистинска штета ако корејците решат да не го вратат на Европскиот пазар!
тескт: Агрон Сулејман
фото: Kia