Со спортската, GT верзија на EV6 која брои 577 КС, Kia ги демонстрира моменталните потенцијали на своите електрични возила.
Актуелниот носител на титулата Европски Автомобил на годината, Kia EV6 продолжува со својот природен развој.
Додека некои од светските гиганти сеуште спијат на ловориките од минатото, само корејците успеваат да му се спортивстават на кинеското електрично цунами.
Понатамошниот развој на Kia оди во правец на стратешко позиционирање во однос на надоаѓачката конкуренција.
Ако веќе серискиот модел бележи глобален успех, редот носи кон негова спортска изведеница со која ќе се покажат моменталните спортски капацитети.
За тоа и повеќе од доволни ќе бидат 424 kW (577 КС) кои му овозможат на EV6 GT забрзување од 3,5 секунди и максимум од 260 км/ч. Па тоа не го можат ни најразвиканите спортисти, ќе забележат познавачите.
Заслугата за спортскиот дух оди на сметка на корпорациската E-GMP платформа која е изградена врз 800 волтна архитектура.
По еден електромотор – тој на предната оска испорачува 215, додека погонскиот мотор поставен позади испалува 362 КС – се задолжени за придвижување на најсилната Kia до сега.
Сетот батерии со максимален капацитет од 77,4 kWh е преземен од Long Range линијата и се чини дека е единствена позиција која во блиска иднина може да претрпи промени на подобро.
А доволно добра, односно како одлична може да се оцени можноста за прилагодување на начинот на возење спрема патните услови. Модот Eco ја ограничува максимланата силина на 288, додека во Normal и Sport на готовс чекаат 460 КС. Ефикасно решение за растегнување на времето до повторно приклучување на полнач.
Волшебното копче на кое стои ознаката GT на располагање ги става става сите 577 КС кои EV6 GT го претвараат во вистински болид. Електронски контролираниот диференцијал поставен на задната оска овозможува и „дрифтање“ во кое 21 цолните Michelin Pilot Sport 4S гуми испаруваат во облак од густ дим.
Таквиот начин на возење ги покажува вистинските капацитети на електричниот спортист, а цената се плаќа со забрзано трошење на батериите.
Според WLTP нормите со едно полнење може да се поминат околу 420 килмоетри што во однос на сериската верзија значи намалување од 29%. Адреналинот секогаш е на цена, па макар била таа и почесто приклучување на полнач. Нели?