СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Kia EV4: EV семејството добива нов член [видео]

EV4 уште од старт ќе биде понуден во седанска и хечбек верзија. Каросериските изведби во голема мера го одредуваат и карактерот на возилото.

Kia неодамна го претстави својот најнов електричен автомобил, EV4, достапен во седан и хечбек варијанти.

Оваа новина е дел од растечката електрична понуда на брендот, која веќе ги вклучува моделите EV3, EV5, EV6 и SUV-знаменосецот, EV9.

Дизајнот на EV4 е инспириран од филозофијата „Opposites United“, комбинирајќи остри линии со смели, технички детали. Аеродинамичниот изглед се одликува со ниска хауба, профил на фастбек и уникатен покривен спојлер.

Предниот дел е обележан со иновативниот „EV Tiger Face“, вертикално поставени предни светла и препознатливата „Star Map“ светлосна сигнатура, што му дава на возилото спортски и модерен изглед.

Седан верзијата на EV4 се истакнува со елегантен, издолжен профил и двоен заден спојлер, додека хечбекот нуди современ, солиден изглед со контрастни црни C-столбови и изразени линии. Двете верзии се опремени со 19-инчни тркала со прецизно изработени дизајни.

За љубителите на поспортскиот изглед, Kia нуди и GT-Line верзија на EV4, која се одликува со ексклузивни дизајнерски елементи, како што се аеродинамични браници и тркала со триаголен мотив.

Светската премиера на Kia EV4 е закажана за 24 февруари 2025 година на настанот „Kia EV Day“ во Тарагона, Шпанија, каде што ќе бидат објавени и дополнителни детали за овој модел.

При службенот претставување освен техничките податоци се очекува да бидат објавени и цените за европскиот пазар и за двете каросерски изведби.

За подобар увид во дизајнот и карактеристиките на Kia EV4, погледнете го следното видео:

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV