СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Kia повторно покажува карактер

 

Kia одамна ги надмина стандардите од нејзините почетоци во Европа. Сега тоа е бренд кој нуди најдобри гаранции но и моделски варијанти кои клинетите не можат да ги најдат на друго место.

Stonic во GT Line изведбат е нјадобра доказ за тоа. Инспириран од спортот, конкретно од моќните GT моделите StingerCeed и ProCeed GT сега спортскиот дух го манифестира и урбаниот кросовер.

Промените се видливи на предниот и задниот браник. Предниот браник е со интегрирани LED светла за магла, три влеза за воздух на предниот дел на автомобилот и метална решетка по долниот раб.

Предната маска добива и нова подобрена завршна обработка, додека капачињата на ретровизорите се во високо сјајна црна боја.

Понатаму, моделот GT Line е опремен стандардно со нови целосно LED светла, создавајќи карактеристична перцепција за моделот.

Задниот дел има поистакнат заден браник кој се разликува од другите верзии на Stonic, а истиот е дополнет со отвори кои имитираат две издувни цевки и заден дифузер.

Посебните 17-инчни алуминиумски тркала кои се добиваат исклучиво во оваа изведба го комплетираат изгледот на спортскиот Stonic.

Најочигледна разлика во внатрешноста на GT Line изведбата е модифицираната облогата со ефект на јаглеродни влакна на таблата.

Седиштата се со зајакнати страници и се во комбинација од црна ткаенина и кожа со контрастни шевови во бело. Понатаму, во внатрешноста се среќава и различен управувач обложен со перфорирана кожа и рамен солен дел.

Во центарот на контролната табла е голем 8-инчен инфо-забавен систем со екран чувствителен на допир што ја подобрува конективноста и контролата на возилото.

Системот им овозможува на корисниците да поврзат два мобилни уреди истовремено – еден за употреба на телефон, а другиот за навигација. Исто така, најголема новост е безжичната конекција со Apple CarPlay и Android Auto.

Моделот достапен кај нас е опремен со 1,0 литарскиот T-GDi агрегат кој развива 100 коњски сили и 172 Nm, а менувачот е 7-степен DCT автоматик. Новиот Stonic во GT Line ниво на опрема во комбинација со автоматскиот менувач и двобојната каросерија кај нас чини 21.200 евра.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг