СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Kia ги претстави новото лого и слоган [видео]

 

Новата статегија на најстариот Корејски бренд ќе биде пропратена со нов брендовски идентитет.

Kia сака помпезно да ја најави својата нова стратегија. За таа цел небото над Сеул буквално „гореше“. Рекорден број беспилотни летала (точно 303 на број) приредија пиротехнички спектакл кој кулминира со испишување на новото Лого на марката.

За да го изрази новиот дух на брендот, покрај новото лого, смислен е и нов слоган: Movement that inspires (движење што инсиприра).

Новииот дизајн на логото се базира на три концепти – „симетрија“, „ритам“ и „издигнување“.

„Симетријата“ на логото ја одразува конвергенцијата на потребите за мобилност на клиентите со одговорност кон животната средина. „Ритамот“ го отелотворува духот на Kia кој се движи во согласност со желбите на клиентите.

А концептот на „Издигнување“, со единствена поврзана линија, ја симболизира посветеноста на Kia да донесе моменти на инспирација на клиентите.

„Новото лого на Kia ја претставува посветеноста на компанијата да стане икона за промени и иновации“, вели Хо Сунг Сонг, претседател и извршен директор на Kia.

„Автомобилската индустрија доживува период на брза трансформација, а Kia проактивно се прилагодува на овие промени. Нашето ново лого ја претставува нашата желба да ги инспирираме клиентите бидејќи нивните потреби за мобилност се развиваат“.

Спектакуларното откривање на новото лого се одвиваше со користење на 303 дронови кои освен што лансираа стотици огномети во синхронизиран уметнички приказ, на небото го испишаа новото лого на Kia.

Со ова се постави нов Гинисов рекорд за „Најмногу беспилотни летала кои истовремено лансираат огномет“.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот