Светскиот Автомобил на годината го посетивме во салонот на Hyundai во Скопје. Цените започнуваат од 44.900 а врвната верзија може да се добие за 61.700 евра.
Сосема ненајавено во салонот на Ми-Да Гранд Моторс (во салонот на Hyundai) осамна IONIQ 5.
Целосно електричниот автомобил, во својот поход за освојување на светските пазари, неодамна за закити со титулата „2022 World Car of the Year“.
Изненадувањето да биде поголемо изложениот примерок припаѓаше на самиот врв на понудата што јасно може да со огледа од ознаката, IONIQ 5 GL AWD.
Поедноставно кажано, изложената верзија е со највисокото, Ultimate Cell ниво на опрема, има по еден електромотор на предната (95 КС) и задната (210 КС) оска, како и сет на батерии со капацитет од 72,6 kWh.
Според декларацијата, со едно полнење на батеријата максималниот радиус на движење изнесува 640 km, додека како просечен досег се декларира вредноста од 460 km.
Сето тоа опремено со врвен пакет на опрема и спакувано во SUV-каросерија со хечбек стил може да се добие за 61.700 евра.
Цената е малопродажна, а во неа нема вкалкулирано никакви даночни олеснувања или било какви други субвенции.
Според службените информации IONIQ 5 може да се добие со еден електромотор (сместен назад) од 170 КС или пак со две погонски единици (на двете оски по една) за заедничка силина од 235 КС. Сетот батерии во тој случај има капацитет од 58 kWh.
Постои и варијација со заден мотор од 217 КС кој како и погоре опишаната верзија доаѓа само со покапацитетниот сет батерии од 72,6 kWh.
Визуелниот впечаток кој го остава IONIQ 5 е – складност и храмонија, но со необични пропорции. Внатрешноста делува богато, префинето и пред сé одлично организирана. Изобилство од корисен простор има на сите позиции, вклучувајќи го тука и багажникот.
Се што можел и знаел производителот го преточил во високотехнолошко возило со нулта емисија на штетни гасови.
Но, сосема поинаква е приказната во која треба да се вклопат домашните авторитети, поготово кога треба да се позанимаваат со инфраструктурата за полнење на батериите. Таа кај нас сеуште е на нулта позиција, а за почеток може малку да се позанимаваат со измените на регулативата која се однесува на малопродажба на електричната енергија.
Можеби притисокот кој го прават производителите на домашните увозници за збогатување на понудатата на електрични возила, ќе вради со плод. За сега тоа што овие возила имаат нулта емисија на штетни гасови, посебно никого не возбудува.
Електричните возила, и тоа од најнапредните, се веќе тука.