СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Hyundai i10 седан: Ви се допаѓа ли?

Некаде се вика Grand i10 Sedan, некаде Aura, но без оглед на името се работи за новиот Hyundai i10 во седан изведба.

И пред да одговорите на прашањето од насловот, Hyundai Grand i10 Sedan не е предвиден за продажба на развиените пазари, меѓу кои, како регион, спаѓа и нашиот.

Може да се најде во Индија, Латинска Америка и земји со слични барања на купувачите, кои ќе ги задоволува со уникатната лимузинска практичност.

Неа ја има главно заради багажникот од 402 литри кои ги овозможува должината на возилото од точно 4 метри.

Другите габарити (широчина 1,68, височина 1,52 и меѓуоскино растојание 2,45 метри) се исти како и хечбек верзијата за овие пазари, која пак е за 13,5 сантиметри подолга од европската – заради тоа е и она Grand во ознаката.

На купувачите на располагање ќе им биде со 1,2 литарски бензинец со 83 KS и 114 Nm, стандардно во комбинацији са 5-степен мануелен, а опционално со 4-степен автоматски менувач.

Оние кои бараат повеќе ќе се одлучат за 1,0 литарскиот T-GDi бензинец со 100 или пак 1,2 литарскиот дизел со 75 коњски сили. Се произведува во Индија, каде цената му започнува од 580.000 рупии, што е околу 6.700 евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот