Hyundai го претстави долгорочниот план за работа до 2030 година кој предвидува вложувања од дури 79,1 милијарда американски долари.
Од нив 32,4 милијарди ќе отидат на развој на нови производи, на капитални издатоци ќе бидат потрошени 36,1 милијарда, а преостанатите 10,6 милијарди се наменети за стратешки инвестиции.
На развој на нови електрични автомобили, фабрики за нив и инфраструктура за полнење на батериите ќе бидат потрошени точно 16,1 милијарда долари.
Планирани се 17 електрични новитети, од кои 11 ќе бидат од марката Hyundai, а 6 со амблемот на луксузната дивизија Genesis.
Од електричните модели на Hyundai три се патнички автомобили, шест кросовери, едно комерцијално возило и еден модел ќе биде автомобил од нов тип, што и да им значи тоа.
Засега се познати само седанот Ioniq 6 планиран за оваа и кросоверот Ioniq 7 најавен за 2024 година, кои веќе се покажани како концепти.
Од Genesis два новитета се патнички автомобили а четири кросовери, додека познат ни е само електрифицираниот GV70.
Нагласено е дека сите нови модели од оваа марка после 2025 година ќе бидат електрични, но ќе се продолжи со производство и на возила со мотори со внатрешно согорување.
За сите овие електрични возила освен модуларната E-GMP – архитектура се најавува уште една платформа наречена IMA, што е кратенка од Integrated Modular Architecture.
Целта на Hyundai е до 2030-тата да освои 7% од светскиот пазар на електрични возила и да произведува по 1,87 милиони примероци годишно, што е помалку од половина од вкупното производство.