СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Hyundai лансира уште еден бренд

 

После Genesis и Ioniq, Hyundai ќе лансира уште еден бренд, овој пат посветен на водородните технологии.

Името на новиот бренд ќе биде HTWO, што всушност е молекулата на водородот H напишана со зборови, на англиски.

Сакајќи да потенцираат дека ќе работат за добробит на сите, Корејците велат дека буквата “H” во исто време означува и човештво (Humanity).

Со лансирањето на овој бренд Hyundai ќе ги интензивира напорите за развој на системите на горивни ќелии и ќе го засили овој свој бизнис.

Намерата им е водородно гориво овен кај автомобилите да се користи и кај возовите, пловилата и во авијацијата, со фокус на Кореја, САД, Европа и Кина.

Пионерските чекори во водородните технологии Hyundai ги направи уште во 2001 година со претставувањето на тест возилото Santa Fe FCEV.

Следеше уште една проба во 2005 година со Tucson, за во 2013-тата да биде лансиран ix35, првиот комерцијално достапен fuel-cell автомобил.

Го паметиме и Nexo од 2018-тата, а годинава беше претставен и камионот Xcient кој е првото сериски произведувано комерцијално возило со оваа технологија.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV