СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Hyundai до крајот на 2021-ва во САД ќе претстави 12 нови кросовери

Заедно со официјалното претставување на Tucson во САД и најавувањето на неколку претстоечки N-модели, Hyundai ги објави и кросовер-плановите за наредната година.

Според одговорните во американската компанија, до крајот на 2021-ва таму ќе бидат лансирани вкупно 12 нови или значително подобрени кросовери.

Според планот, со ова Hyundai ќе има една од најсвежите теренски и еко-фокусирани серии во целата индустрија бидејќи ќе има и хибридни, плаг-ин хибридни и електрични модели.

Сакајќи да ја задржи мистичноста, од Hyundai не открија докрај што сé ќе биде претставено, меѓутоа кажаа дека набројаните 12 нови SUV-модели ги вклучуваат и веќе познатите Kona, Santa Fe и Tucson.

Од другите беа потврдени пикапот Santa Cruz и сосема новиот Ioniq 5, кој треба да биде сериска изведба на електричниот концепт Hyundai 45 претставен лани во Франкфурт.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот