СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Hyundai ги објави првите детали за Ioniq 5 – по грешка!

 

Подготвувајќи се да започне со примањето нарачки за електричниот Ioniq 5, австриската филијала на Hyundai ги објави основните детали за него.

Компактниот купе кросовер, инспириран од концептот Hyundai 45 од ланскиот салон на автомобилите во Франкфурт, ќе биде прв од трите најавени модели на новата електрична марка Ioniq.

Направен на основа на модуларната EGMP платформа, ќе има два електромотора со вкупно 313 КС, што значи и дека ќе има погон на сите четири тркала

Со нив ќе забрзува до 100 km/h за 5,2 секунди, а 800-волтниот систем за полнење за 15 минути ќе ги дополни батериите од 20 на 80% од капацитетот.

На почеток ќе биде достапна само First Edition изведбата на Ioniq 5 со батерии од 58 kWh и автономија од 450 km, а подоцна и со 82 kWh доволни за поминување 550 km.

Првите испораки во Европа се очекуваат во јуни или јули следната година, по засега непозната цена за која се најавува дека ќе биде конкурентна.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV