СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Huawei Stelato S9: Huawei претстави сопствен автомобил [video]

 

Stelato е нов бренд заеднички создаден од Huawei и BAIC Group. Патот до домашните купувачи премиерно ќе го бара, Stelato S9, премиум седан со целосно електричен погон.

Се започна со Apple кој пред речиси цела декада најави производство на сопствен електричен автомобил.

Големите амбиции завршија со низа безуспешни обиди, но затоа на кинеските технолошки гиганти таа идеја баш им легна.

Но, помеѓу американската идеја и кинеската реализација се случи пандемијата па сите завршивме заковани во своите домови.

Дали помеѓу овие настани постои некаква причинско-последична врска? Никој тоа нема да може да го докаже, но затоа последиците се многу очигледни.

Тоа што не успеа Apple, на почетокот на годинава го направи Xiaomi со својот првенец SU7, за да сега приказната продолжи со Huawei Stelato S9. Пораката беше пратена, тоа што вие не го можете ние со леснотија го правиме.

Како партнер на Huawei при реализацијата на проектот Stelato S9 се јавува BAIC Group (Beijing Automotive Group), а луксузниот седан од високата класа првично ќе биде наменет само за кинескиот пазар.

На почеток се нудат две варијанти

Stelato S9 се нуди во две варијанти – Max и Ultra – со почетна цена од нешто над 50К долари. Како претставник на најлуксузната класа, Stelato S9 има должина од 5.160 mm, ширина 1.987 mm и висина од 1.486 mm, со меѓуоскино растојание од 3.050 mm.

Мерено според внатешниот употреблив простор од 3.460 mm, Stelato S9 е пред главните луксузни седани од калибарот на BMW Serie 7 и Mercedes-Benz S-Class, а тој подато сам по себе говори многу. И згораа на се, коефициентот на отпор на воздухот од 0,193 Cd е најнизок од кој било сериски луксузен седан во светот.

Stelato S9 стандардно доаѓа со 800 волтна архитектура и сет од батерии со капацитет од 100 kWh, заеднички развиен од Huawei и CATL. Опсегот на движење со едно полнење – според CLTC кинеските норми – изнесува 816 километри за Max варијантата и 721 километар за верзијата Ultra.

Според досегагашните искуства, мерењеата според WLTP процедурите веројатно би покажале за 20-тина проценти пониски вредности, но сепак говориме за поприлично висок степен на автономија.

Stelato S9 Max е варијанта со еден мотор, придвижуван од мотор поставен одзади со максимална моќност од 227 kW (309 КС)  и е способен да забрза од 0 до 100 километри на час за 6,0 секунди.

Неговата Ultra варијанта е управувана од два мотора, дополнителниот мотор напред има максимална моќност од 158 kW (215 КС) , и е способна да забрзува за 3,9 секунди.

Stelato S9 е првиот модел што го има најновиот софтвер за асистирано возење на Huawei, ADS (Advanced Driving System) 3.0, за кој се тврди дека нуди помоќно и поинтелигентно искуство во возењето. За останата телекомуникациска опрема е излишно да се говори – едноставно тоа е врвот во индустријата.

Соработки

Единицата за електрични возила на BAIC, BAIC BluePark, претходно оваа година соопшти дека со Huawei работи на нов бренд наречен Stelato. Покрај Stelato, Huawei го создаде и брендот Aito со Seres Group, Luxeed со Chery и Maextro со Anhui Jianghuai Automobile Group (JAC).

Во моментов има три модели под марката Aito, вклучувајќи SUV со средна големина Aito M5, SUV од средна до голема големина Aito M7 и големиот SUV Aito M9.

Luxeed моментално го има само Luxeed S7, седан со средна големина, но со извонредно ниска почетна цена. Првиот модел под брендот Maextro се очекува да биде лансиран во 2025 година.

Stelato S9 му се придружува на Aito M9 како два предводници на бизнисот на Huawei HIMA, а претседателот на BAIC, Џанг Џианјонг, при претставувањето истакна дека групата ќе биде „all in“ на Stelato S9, ветувајќи силна поддршка за моделот.

Овие соработки јасно говорат за извонредно силна технолошка база способна да одговори на сите специфични барања. Уште да напоменеме дека целата оваа ергела е наменета за големиот кинески пазар – за сега!

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот