СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Golf број 1 во Европа и во 2020-тата

 

И покрај лошиот старт на почетокот на годината, Golf го засили темпото и успеа да го поврати своето место како најпродаван автомобил во Европа.

Со повеќе од 312.000 испорачани примероци од кои 134.000 во Германија, новата генерација на Golf продолжи таму каде застана претходната.

Volkswagen го претстави осмиот по ред Golf во октомври минатата година, правејќи со него големи чекори во технологиите, конективноста и воопшто дигитализацијата.

Токму со тоа на почетокот и имаше проблеми кои се надоврзаа со парализирањето на продажбата од корона-кризата, но сепак во втората половина од годината Golf успеа да го фати темпото.

Значаен удел во засиленоста на продажбата имаа и хибридните модели, кои според податоците на VW учествуваат со една третина.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV