На неделата на дизајн во Милано 2023 година GAC Group го претстави својот најнов проект произлезен од GAC R&D Center Europe наречен Car Culture #2 VAN LIFE.
Guangzhou Automobile Group (GAC Group ) е веќ редовен учесник на Неделата на дизајн цо Милано.
Идејата со Van Life е да се создаде возило што ќе им овозможи на луѓето да патуваат на долги растојанија и да одат каде што ќе посакаат.
Во случајот на оваа студија се работи за компактно и темелно рационализирано комбе.
Со ефикасна технологија на електрификација, силуетата на автомобилот е оптимизирана за долги патувања, истовремено обезбедувајќи и организиран надворешен простор за живеење.
Van Life се фокусира на користење и повторна употреба на постоечката опрема, истовремено намалувајќи ги јаглеродниот отпечаток и отпадот.
Во него се вградува нова генерација батерии со цврст електролит, кои се побезбедни, поефикасни, подолготрајни и поеколошки од традиционалните литиум-јонски батерии.
Повеќето делови од автомобилот се направени од рециклирани отпадни материјали како што се пластика, алуминиум и јаглеродни влакна, што го прави лесен и ефикасен при употреба.
Внатрешниот дизајн го отелотворува концептот на орбиталната рамка со структура која ја опкружува кабината и овозможува лесно прицврстување на најразлични предмети.
Исто така, кабината е прилагодлива и овозможува уредување во простор за спиење потребен при долги патувања.
Страничните клупи може да се преклопат и да се лизгаат од автомобилот за да им овозможат на корисниците да споделуваат моменти надвор и да уживаат во околниот пејзаж со своето семејство и пријателите.
Дополнително, автомобилот има и универзална magsafe технологија која им овозможува на патниците да ги полнат своите лични електронски уреди.
Орбиталната рамка има модуларна опрема што може да се инсталира на предниот дел од структурата која е изложени на сончева светлина.
Оваа природна енергија потоа може да се трансформира во електрична енергија или да се користи за затоплување на вода, со што автомобилот станува уште поеколошки.
Уникатниот систем на шарите на тркалата, на автомобилот му овозможува да одржува влечна сила на различни терени, како што се кал, песок и карпести површини.
Системот за навигација AD го презема возењето, дури и на оддалечени локации без патишта, користејќи ја позицијата на ѕвездите на небото за да го најде својот пат во случај да нема мрежа.