СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

FreZe Froggy е европското име за кинескиот EV кабриолет [видео]

 

Wuling Hongguang Mini EV Cabrio е изворното име на малиот EV кој во стандардната конфигурација жнее успеси на сите континенти.

Пред само една седмица беше обзнанета соработката помеѓу литванскиот производител Dartz и кинескиот гигант Wuling. Со тоа беше службено најавен најадостапниот електричен автомобил на европскиот пазар, Freze Nikrob кој ќе се монтира од готови кинески компоненти.

Со отварањето на портите на Auto Shanghai 2021 првиот претставен новитет беше со амблемите на Wuling. И тоа ништо помалку туку токму погоре опишаниот модел, но сега во кабриолетска изведба кој ќе биде наменет за европскиот пазар.

Заради несоодветноста на оригиналното име, Wuling Hongguang Mini EV Cabrio за Европа е одбрано да се вика FreZe Froggy. Мудро одбрано име кое се повикува на 1993 година кога беше изработена кабриолетска верзија на вечната „буба“ и наречена идентично.

Во секој случај FreZe Froggy има покретен кров кој во само 5 секунди може да отвори и да се смести на просторот на кој во стандардната верзија се наоѓа задната клупа.

Малиот двосед и понатаму има еден електромотор кој енергијата ја црпи од сетот батерии со капацитет од 13.8 kWh. Тоа е доволно за поминување на cca 200 km мерено според старите (NEDC) процедури.

Иако изгледа како невешто нацртана „играчка“ сепак се работи за електрично возилце кое набргу ќе се најде во продажба. Европскиот пазар на мали EV е речиси празен, а да не говориме за кабрио верзија на некој модел.

Очекуваната цена  од cca 20 илјади евра колку и да ни изгледа превисока, сепак не може да ја споредиме со ништо слично, па токму затоа ќе ја прифатиме како репер спрема кој ќе се рамнат евентуалните новодојденци.

За да нема забуни, проектот за најевтин електричен автомобил на пазарот воопшто не е наивен, во него учествува триото гиганти, SAIC-GM-Wuling.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот