СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Ford Mustang повторно најпродаван спортски автомобил во светот [видео]

 

Mustang беше и остана омилен на многу генерации, затоа и не треба да чуди што и сега кога го прославува 57-от роденден уште еднаш ја освои титулата за најпродаван спортски автомобил во светот.

И тоа по шести пат по ред, што го заслужи со ланската продажба на 80.577 примероци и освојување на пазарно учество до 15,1%.

Импресивноста на успехот на Ford Mustang е поголема ако се знае дека иако во 2020-тата продажбата му опадна за 27% (од 102.000 примероци полани), тој го зголеми своето пазарно учество за 0,3 отсто.

Очекувано, Mustang најдобро се продава во Соединетите Американски Држави (61.090 примероци), а таму пак најмногу го сакаат во Тексас, каде лани за него се одлучиле 8.600 купувачи.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот