СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Ford Mondeo: за Кина нов модел, за Европа само историја

 

Во очекување на престанувањето на производството на Mondeo во фабриката во Шпанија, Ford ја претстави неговата нова генерација за Кина.

Информациите за него Ford ги задржа само на локално ниво, што значи дека нема ниту збор за негов потенцијален пласман надвор од Кина.

Посебен акцент е ставен на дизајнот дело на новиот дизајн центар во Шангај, кој истовремено и официјално беше инаугуриран.

Како за нивна прва работа, мора да им оддадеме признание на кинеските дизајнери за одлично сработената нова генерација на Mondeo.

Моќните визуелни карактеристики му даваат спортски изглед и го позиционираат на пазарот како атрактивен модел за купувачите.

Прилично агресивниот преден дел просто се втопува во купеовската форма на каросеријата чија силуета не е нарушена од ништо, дури ни од рачките на вратите.

Изостанаа информациите за тоа што има под хаубата, иако ознаката 245 назад можеби го сугерира бројот на коњски сили, но тоа воопшто не е битно.

Битно е дека лубителите на брендот во Европа ќе можат да го видат само на слика.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот