СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Ford и GM знаеле за штетното влијание на автомобилите уште пред половина век

Едно ново истражување за животната средина го покажа лошото лице на капитализмот – игнорирањето на вистината заради сопствен профит.

Имено, General Motors и Ford знаеле за влијанието што автомобилите го имаат врз климатските промени уште во шеесеттите и седумдесеттите години но целосно ги игнорирале фактите.

Единствено нешто што сториле е што ангажирале стручњаци со цел да уверат дека сознанијата не се точни, но тие со научни докази го потврдиле тоа.

Со истражувањето што во САД го спроведе центарот за меѓународни еколошки прописи се успеа да се дознаат и имињата на луѓето што ги извеле овие студии.

Еден од нив бил починат, а вториот ги потврдил сомневањата дека автомобилските гиганти настапиле лицемерно и едноставно ја отфрлиле нивната работа.

Но вознемирувачко е тоа што тие се обиделе да ги дискредитираат и нивните заклучоци, овој пат индиректно, со финансирање разни групи и иницијативи за кои сметале дека се со „соодветни” ставови.

На сето ова Ford и GM одговорија во ист стил, како договорени – дека не можат да коментираат нешто што наводно се случило пред половина век и дека сега инвестираат во електрификацијата за редуцирање на емисиите.

Сé до пред големата нафтена криза од седумдесеттите години, просечната потрошувачка на американските автомобили изнесуваше 18 литри на 100 километри, а денес е намалена на 10,5.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV