СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Fisker Ocean пристигна во Европа

 

Како што беше најавено, американскиот електричен SUV, Fisker Ocean беше претставен на саемот на мобилни технологии во Барселона.

Таму се дозна дека овој модел ќе биде достапен на избрани европски пазари, барем додека не му започне производството во Австрија, кое е планирано за ноември.

Засега нарачки за Fisker Ocean ќе можат да направат само купувачите во Австрија, Данска, Франција, Германија, Норвешка, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство.

Цената му се движи од околу 42 илјади евра за основната Sport изведба до 70 илјади евра за Extreme варијантата.

Првата верзија има преден погон со 275 KS и автономија од 440 километри, а најопремената на сите тркала пренесува 540 KS и има автономија од дури 630 километри.

Значајно е и што гаранцијата за возилото изнесува 6 години или 100.000 km, а за батериите и електромоторите 10 години или 160.000 km.

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV