СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Fiat Panda останува во производство до 2026 година

 

Групата Stellantis го продолжи животот на сегашната генерација на Fiat Panda за уште четири години.

Ваквата вест на претставниците на синдикатите им ја соопшти раководството на фабриката во Помиљано д’Арко која се наоѓа во близина на Неапол.

Тоа беа целосно нови фабрички погони специјално изградени за производство на Panda (при незјиното свечено отварање присуствуваше и нашата редакција).

Оваа важна одлука ја покажува виталноста на функционалниот италијански модел од А-сегментот претставен уште во 2011 година.

Со тоа, Fiat Panda ќе остане 15 години во производство, што е двојно повеќе од векот на актуелните нови модели, без разлика на класата.

Според плановите на Stellantis, во истата фабрика ќе се одвива и производството на актуелниот хит на Alfa Romeo, моделот Tonale.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот