СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Fiat Grande Panda electric: Франција и Холандија ги отворија нарачките

 

Со почетна цена од 25.000 евра се нуди електрична верзија на Grande Panda која со едно полнење може да помине до 320 километри.

Најновиот проект на Stellantis групата е веќе во понуда.

На пазарите на Франција и Холандија веќе може да се порача целосно електричната верзија на Grande Panda која се произведува во соседна Србија.

Почетната понуда се состои од две, различни по опрема, верзии: Grande PandaLa Prima” како најопремена, и поскромната (Grande Panda)RED.

Почетната цена е поставена на 25К евра што е на нивото на останатите брендовски модели од групацијата.

Франција и Холандија се одбрани како почетни пазари за лансирање на моделот поради субвенциите што тамошните влади ги даваат за електрични возила. Плановите на Stellantis говорат за глобално пласирање на автомобилот.

Проверена технологија

Ако обликот се должи на мајсторката дизајнерска рака на фиатовите експерти од Centro Stile, за технолошката постава не може да се каже дека е на истото, оригинално ниво.

Литиум-јонските батерии со капацитет од 44 kWh и електричниот мотор од 83 kW (113 КС) го движат електричниот модел, а кои веќе вредно работат во групациските пандани.

Тие се доволни за автономија од 320 km (според WLTP) што за едно градско возило е сосема солидна автономија.

Во тој карактер целосно се вклопуваат и перформансите: забрзување до првите 100 km/h за 11 секунди и максимум на брзината од 132 km/h. Притоа во просек електричната Fiat Grande Panda ќе потроши просечни 17,4 kWh/100 km.

Полнењето може да се одвива и во домашни услови (11 kW) за што „големата панда“ е опремена со кабел кој се извлекува од самото возило.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV