СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Fiat Concept Centoventi прогласен за “Best Concept Car of 2019”

 

Car Design News објави дека наградата Car Design Awards 2019 во категоријата на концепти ја доби електричниот Fiat Concept Centoventi кој на јавноста и беше прикажан на ланскиот салон во Женева.

Електричниот концепт на Fiat, кој беше прикажан на 2019 Geneve,  очигледно дека им се допадна на купувачите. Такви беа неподелените реакции јасно искажани уште на самото претставување.

Очигледно и стручната јавност не остана индиферентна кон иновативните пропорции на Centoventi. Последното, а можеби и највредно признание доаѓа од реномираниот стручен часопис Car Design News кој го прогласи за “Best Concept Car of 2019”. Во жирито кое гласаше, учествуваат 18 дизајн-шефови од најреномираните светски производители.

Тоа е причина повеќе за славје во Centro Stile Fiat каде што е изработен Centoventi.

Во образложението на жирито стојат многу аргументи поради кои е доделено вредното признание, а најглавното можеби е што Centoventi може да се употребува како во урбани средини така и вон нив. Не помало влијание има и најавата за сериско производство со кое се истакнува дека тоа ќе биде возило кое ќе ja демократизира електричната мобилност.

Меѓу другите фактори, објавувањето на победниците во две категории, „Најдобар производствен автомобил“ и „Најдобар концепт автомобил“, ги означува примарниот впечаток за дизајн на 1.200 најголеми фигури во областа на автомобилскиот дизајн.

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: Fiat

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV