СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

Fiat 500 е прогласен за „Кабриолет на годината“ и „Најдобар електричен мал автомобил“

 

Само два месеци по претставувањето, Fiat 500 почна со колекционирање на награди. Најновите две награди доаѓаат од реномираниот Британски специјализиран магазин, What Car?.

Новиот Fiat 500 има извесна иднина. Продажбата на 10 илјади единици во помалку од два месеци доволно говори за интересот на европската клиентела.

Никогаш моторната понуда не била така богата, започнувајќи од класичен бензинец, преку плагин хибрид па се до чиста електрика.

Сето тоа пропратено со каросерија со три или четири врати и со тврд и мек кров кој се отвара до кабриолетски димензии.

Стив Хантингворт, уредник на магазинот What Car? ќе забележи: Новиот 500 е прв електричен автомобил кој ја добива наградата „Convertible of the Year“.

При доделување на наградите стручното жири било импресионирано од првиот целосно електричен автомобил на Fiat.

Тој е опремен со електромотор што испорачува 118 КС кој енергијата ја црпи од сет батерии со капацитет од 42 kWh.

Тоа е доволно за радиус на движење од 320 килметри, со тоа што во градски услови на движење автономијата може да се искачи на големите 450 km.

Динамичното движење се огледа во забрзувањето до 100 км/ч кое трае само 9 секунди, и во максималната брзината, електронски ограничена, од 150 км/ч.

Бројните можности за полнење на батериите се уште една погодност која говори за темелно изведениот проект.

Двете награди од What Car? доаѓаат како след на низата признанија кои ги вклучуваат “Green Car” на French Automobile Awards 2020 и “Car of the Year и Best Small Electric Car” на специјализираниот британски вебсајт, DrivingElectric.

Вредни трофеи во низата се уште и “Best Design 2020” наградата на германскиот магазин Auto Motor und Sport како и Best Design Concept” од “Red Dot Design Awards”.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо