СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Ferrari 12Cilindri: Класиката дише со полни гради

 

Ferrari се прилагодува кон иднината строго придржувајќи се кон својата традиција. Притоа 12Cilindri ги исполнува најновите еколшки норми.

Ferrari грижливо си ги негува моделите со “dodici cilindri”. Токму така, Ferrari 12Cilindri, е наречен наследникот на семејството модели „812“.

V-12 моторите веќе станаа реткост, но тие трендови се типични за брендовите кои копираат.

Оригиналите се препознаваат според визија за инднината.

Таа визија Ferrari ја преточи во сериски модел кој ќе се произведува во Coupe и Spider верзии.

Пред било што друго да се каже, приматот го добиваат перформансите. Првата стотка се фаќа за 2,9, вората за 7,9 секунди, а забрзувањето трае до максималните 340 км/ч.

Мотор

V12 моторот, од 6,5 литарски волумен извлекува 830 коњи и вретежен момент од 678 Nm. Импресивни се тоа бројки. А се постигнати без употреба на турбини или пак било каква електрификација.

Вистинското свое лице воодушевувачката механика го докажува со испорака на 80% од вртежниот момент на само 2.500 вртежи и максималната силина при вриштечките 9.500 вртења во минута.

Долгиот нос на 12Cilindri јасно дава до знаење дека моторот е сместен напред, решение кое Ferrari  го практикува за сите V12 модели уште од 1996 кога беше претставен Ferrari Maranello.

Моторот е смесетен веднаш зад предната оска, и поврзан преку „трансаксл“ постевен DCT менувач со 8 степени. Како куриозитет се споменува дека ова е прво комбинирање на новиот менувач со 12 цилиндерски мотор.

Ако малку подлабоко ѕирнеме под поклопецот на моторот ќе видиме дека тој е редизајниран до ниво да може да говориме за целосно нова инженерска креација.

Употребата на лесни легури, намалувањето на тежината и механичките триења се првично истакнати позиции.

Построј

Предната оска доаѓа во стандардна конфигурација, напред со двојни триаголни рамиња, а задната просторна оска со шасијата е поврзана во пет точки.

На задната оска функционира активен диференцијал, а за зголемување на тракцијата и задните тркала може да се вртат за одреден степен.

Грубиот опис на префинетите решенија ќе го заокружиме со кермаичките сопирачи на кои за сопирање на возилото од 100 до 0 км/ч им се потребни 31,2 метри. Тука се уште и магнетните амортизери за да ја заокружат оваа прекраснотија на четири тркала.

Облик

Иако сличноста со легендарниот Ferrari 365 GTB/4 Daytona од 1968 е повеќе од очигледна, конструкторите на Ferrari повеќе сакаат да говорат за инспирација од неколку модели откоку за некаква реинкарнација.

Од првично објавените материјали може да се заклучи дека се работи за распоред во типичен Маранело-стил. Во внатрешноста е најден простор за три големи екрани, од кои едниот е централно поставен а уште еден со паралелни команди за инфозабавниот систем е поставен пред совозачот.

Од дизајнерските посебности со сигурност треба да се спомене обликот на задното стакло кој длабоко навлегува во горниот дел на кровот.

Разгледувањето на бројните техникалии ќе го оставиме за крајот на годината кога се очекува и почетокот на сериското производство. На европскиот пазар се очекува цената да не надмине половина милион евра.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот