СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Eлектрична Mazda EZ-6 доаѓа како замена за Mazda6

Најпродаваниот јапонски магазин Best Car неодамна објави дека елегантниот седан, EZ-6 претставен на салонот „Пекинг 2024“, е наследник на популарната Mazda6.

Седаните од Д-сегментот на европскиот пазар исчезнаа како комета на небото.

Од салоните еден по еден ги снемуваше Honda Accord, Toyota Avensis, Ford Mondeo, Citroën C5, Opel Isignia, Volkswagen Passat, Mazda6,…

Ако судиме според плановите еден од омилените европски модели би требало да се врати уште од почетокот на следната година.

Mazda6 се очекува токму на почетокот на 2025 и тоа во две варијанти: како електрично возило и како хибридно електрично возило со зголемен досег.

А штом се спомене нов модел на електричен погон неизбежно е присуството на некоја од кинеските компании.

Попрецизно кажано Mazda EZ-6 е заеднички проект на Mazda и Changan Automobile и ќе се произведува во Кина. Mazda EZ-6 на кинескиот пазар се очекува уште оваа есен, а за Европа веќе е заштитено името Mazda6е, или MAZDA6EV име кое исто така е заштитено во Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ.

Концепциски гледано EZ-6 е поставена на платформата EPA1 на Changan Automobile која се користи во моделот Deepal SL03 наменета за кинескиот пазар. Електричната (BEV) верзијата, мерено според WLTP стандардот, има досег од 520 km, и максимална брзина od 170 km/h.

LFP батеријата има капацитет од 67 kWh, моторот поставен на задната оска испорачува 258 КС кои се доволни за забрзување од 6,4 секунди.

Втората опција е EREV, што би требао да значи верзија со зголемен досег. За таа цел се користи бензиски турбо мотор од 1,5 литри кој е задолжен само за полнење на батериите. Во тој случај Mazda EZ-6 добива автономија од безмалку 1.000 km.

Како што споменавме, покрај на кинескиот пазар, EZ-6 се очекува да биде лансиран и во Европа како и во Југоисточна Азија и тоа од почетокот на следната година.

На крајот и најинтересното, на европскиот пазар Mazda EZ-6 се очекува да биде понуден со цена која ќе започнува под 30К евра. За лимузина со репутација на Mazda тоа воопшто не е лошо.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот