СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Dongfeng Nammi Box започна да се продава во Европа

 

Nammi е електричен бренд на Dongfeng, a Box е нивниот адут во Б-сегментот. Токму тој модел го започна својот животен век во Европа.

Веќе извесно време ламентираме дека евтини електрични возила се решение за почисти урбаните средини.

Проблем е што европските производители не се во состојба да произведат петосед од Б-сегментот кој би бил со поволна цена.

Одреден исчекор направи Stellantis групата па го понуди Citroën e-C3 со цени (во Европа) од нешто преку 23,5К па до 27,8 илјади евра за најопремената верзија.

Ако не може Европа, има кој може. Да, кинезите! Гигантот Dongfeng (кој тесно соработува со Stellantis групата) во Кина го продава Nammi Box по сена која минимално надминува 10 илјади евра. За волја на вистината тоа е верзија со помала батерија, но …

Сега истиот тој производител се намерачил на европскиот пазар. Како влез го користи швајцарскиот пазар, но многу веројатно проектираните намери (продажните бројки) се многу посериозни.

Како за споредба: Nammi Box е долг 402 cm, има батерија од 42,4 kWh и автономија од 310 километри (WLTP). Притоа, вградената опрема дури и ја надминува европската перцепција за најопремена варијанта на e-C3.

И сега главното: цената на така опремениот Nammi Box, во Швајцарија изнесува 23К евра. Веројатно во земјите членки на ЕУ цената ќе биде повисока за износот на додатните давачки, но веројатно и за тоа кинезите веќе имаат подготвен одговор.

Всушност главното прашање е до кога европските производители ќе се бранат од конкуренцијата со воведување административни давачки.

На краток рок тоа можеби и ќе им донесе некаков резултат, но на подолг рок тоа ќе биде погубно за нејзината автомобилска индустрија.

Не дека нешто посебно ни се прави ќеиф околу тоа, дури ми е многу криво, но фактите nе оставаат простор за оптимизам.

Ако нешто драматично не се промени во однесувањето на самобендисаните и арогантни европејци, односно ако не се нафатат за развој и не се откажат од високите продажни маржи, незибежно ќе ја доживеат судбината на Nokia.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот