Според податоците на агенцијата JATO кои се однесуваат на месец јули, Dacia Sandero е најпродаван автомобил во Европа. Зад него се наредија Golf и Yaris.
За прв пат од своето постоење еден модел на Dacia застанува на чело на листата на најпродавани модели. Иако подолго време се насетуваше сега и се случи – според податоците на агенцијата JATO титулата најпродаван модел во Европа ја освои Sandero.
Веднаш зад Sandero се поредија досега неприкосновениот Golf и суб-компактот Yaris.
Најпродаваниот европеец успеа да ја достигне бројката од 20.446 единици, Golf забележа 1.021 продажби помалку а третопласираниот Yaris заостана за 1.588 примероци.
Според истиот извор, по четири месечен постојан раст на продажбата, во јули се забележа драматичен пад од цели 24%.
Минатиот месец се продадоа нешто над милион возила, додека ланската бројка (во пандемија и без вакцина) беше на нивото 1,27 милиони, што пак е сеуште под нивото од 2019 кога беа забележани 1,32 милиони.
Овој пад се правда со недостаток на полупроводници, но сепак наше мислење е дека причините се малку покомплексни.
Ако продажните бројки се гледаат низ брендовска призма, на тоа поле сеуште владее Volkswagen. На популарниот Golf друштво му прават Polo и кросоверите T-Rock и T-Cross.
Интересно е да се истакне дека од 10-те најпродавани модели дури шест се од SUV/кросовер класата, а само Golf остана да ја брани честа на компактите.
- Dacia Sandero
- Volkswagen Golf
- Toyota Yaris
- Volkswagen Polo
- Volkswagen T-Rock
- Hyundai Tucson
- Volkswagen T-Cross
- Dacia Daster
- Ford Puma
- Peugeot 2008
Plug-in листата на најпродавани Во Европа ја предводи Ford Kuga, пред Peugeot 3008 и Volvo XC40. Кај електричните модели на врвот е Volkswagen ID.3, следен од Renault Zoe и Kia Niro.
Постепено се менува и структурата на продадените возила – бензинците држат 59% од пазарот, дизелите се присутни со 22% додека електричните возила во јуни учествуваа со поприлични 17 проценти.